Гитарата на Џими Хендрикс продадена на аукција за 216.000 долари

Фото: Фејсбук

Според наводите на „GWS Auctions“, Хендрикс започнал да свири на оваа јапонска гитара кога бил отпуштен од војската во САД во 1962 година…

Гитарата на која во раните 60-ти години свирел Џими Хендрикс е продадена на аукција за 216.000 долари, четири пати повеќе од почетната цена.

Откако го напуштил Форт Кембел, Џими на кратко се преселил во Кларксвил во Тенеси, каде свирел со Вилсон Пикет, Слим Харп, Сем Кук, Ајк и Тина Тарнер, пред да се пресели во Харлем во Њујорк на почетокот на 1964 година. Таму останал две години, свирајќи во кафулето „Wha“ и клубот „Gepard“, се наведува во соопштението на аукциската куќа.

Гитарата била во сопственост на Џими додека кратко настапувал и со групата „Isley Brothers“ како и неговата „Jimmy James and the Blue Flames“. Меѓутоа, кога ги напуштил САД, инструментот е оставен во Њујорк во станот на неговиот другар Мајк Квашиј, кој ги забележал податоците за гитарата непосредно пред неговата смрт.

Гитарата првенствено била проценета на 50.000 долари, но со наддавањето достигнала цена од 216.000 долари.

На аукцијата е продаден и 14-каратен златен прстен на Елвис Присли (22.500) и една црна јакна на Мајкл Џексон (20.000 долари).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот