Гигс: Три-четири засилувања му требаат на Манчестер јунајтед

twitter.com/FourFourTweet

Велшанецот смета дека на менаџерот Оле Гунар Солскјер „дефинитивно“ му е потребен нов напаѓач.

Поранешниот играч од средниот ред на клубот од „Олд Трафорд“, Рајан Гигс го сподели своето мислење што треба да направат „црвените ѓаволи” за да бидат конкурентни со ривалите за највисок пласман.

Велшанецот смета дека на менаџерот Оле Гунар Солскјер „дефинитивно“ му е потребен нов напаѓач.

Ентони Марсијал не импресионираше за Јунајтед на дуелот против Тотенхем, само имаше еден удар во рамките на голот и не беше толку забележлив со топката на теренот. Можно е и да не ангажираат нов напаѓач летово со оглед на тоа што ја продолжија позајмицата на Одион Игало до јануари 2021 година.

Доколку Манчестер јунајтед сака да се израмни со Манчестер сити, тогаш на клубот му требаат најмалку уште три-четири квалитетни играчи. Но, сега тимот изгледа импресивно со еден Бруно Фернандеш и Пол Погба – рече Гигс.

Моментно на петтото место на табелата во Премиер лигата со 46 бода после 30 одиграни кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот