Мурињо не успеа да му се одмазди на Јунајтед

EPA-EFE/MATTHEW CHILDS

Во првото големо дерби во рестартот на Премиер лигата, Тотенхем и Манчестер јунајтед во рамките на 30. коло ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Домашниот тим кој е предводен од Жозе Мурињо, кој пред да седне на клупата на лондонскиот тим, последна екипа која ја предводеше беше токму Манчестер јунајтед, поведе во 27. минута благодарение на голот на Стивен Бергвајн кој ја искористи заспаноста на противничката одбрана.

Во вториот дел, „црвените ѓаволи“ беа подобар тим и не успеаја да искористат неколку добри шанси, се до 82. минута кога Пол Погба беше фаулиран од Ерик Даер во шеснаесетникот на Тотенхем.

Судијата Мос досуди на белата точка, а сигурен реализатор беше Бруно Фернандеш. Во самиот финиш, во 90. минута Мос досуди уште еден пенал за Јунајтед но по проверката со ВАР технологијата беше утврдено дека нема никаков контакт и пеналот беше поништен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот