Фото: Nicolas Armer/dpa

Германските власти затворија 1.400 нелегални измамнички веб-страници

Германските експерти за сајбер криминал блокираа повеќе од 1.400 нелегални веб-страници. Лажни трговски сајтови служеле за масовни измами, соопштиле властите во понеделникот, пишува ДПА.

Операцијата била против „сајбер-трговски измами“, се наведува во заедничкото соопштение на центарот за сајбер криминал на покраината Баден-Виртемберг и криминалната полиција, во соработка со германската Агенција за надзор на финансискиот пазар (BaFin).

Измамите преку нелегалните веб-страници станаа масовни во последниве години, а бројот на случаи постојано се зголемува.

На некои сајтови, лековерните клиенти се намамени да инвестираат големи суми со надеж дека ќе најдат профитабилна инвестициска можност.

Во рамките „Операцијата Херкулес“, германските власти затворија 1.406 нелегални веб-домени, во соработка со европската полициска агенција Европол и бугарската полиција.

„Домените што сега се блокирани биле наменети за измама на потрошувачите и да ги намамат наводно да инвестираат во манипулирани платформи за тргување“, се наведува во соопштението.

Непознатите сторители дејствуваат меѓународно, но „намерно го таргетираат германскиот пазар и луѓето што живеат и престојуваат во Германија“.

Измамниците отвораат лажни платформи за тргување без дозвола од BaFin и користат кол-центри за да ги поттикнат жртвите да инвестираат пари во шемата.

„Поради професионалниот пристап на сторителите и употребата на лажни платформи за тргување, многу жртви со месеци не сфаќаат дека биле измамени и се мотивирани да продолжат да вршат плаќања“, се наведува во соопштението.

Измамничките домени сега се пренасочени кон страница која предупредува криминал.

Откако властите ги пренасочија веб-страниците на 3 октомври, тие регистрирале околу 866.000 посети, што го покажува обемот на проблемот.

Во слична акција во јуни, властите блокирале околу 800 нелегални домени. Оттогаш, околу 5,6 милиони корисници се обиделе да пристапат до тие веб-страници повеќе од 20 милиони пати.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот