Германскиот министер Писториус најавува испраќање на ракети во Украина: Според Москва, Германија станува сè поопасна
Германија и Соединетите Американски Држави ќе донесат одлука за испраќање американски ракетни системи „Патриот“ во Украина во рок од неколку дена или недели, изјави денес германскиот министер за одбрана Борис Писториус по средбата со американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во Вашингтон.
Препорачано
Писториус, исто така, рече дека Германија испратила писмо во кое бара од САД да разгледаат продажба на ракети со долг дострел „Тајфун“, објави „Ројтерс“.

Ракетните системи би можеле да бидат привремено решение, пополнувајќи го временскиот јаз помеѓу привременото распоредување на американските ракети во Германија во 2026 година и кога Германија и другите европски земји ќе развијат свое оружје со долг дострел, рече тој.

Изјавата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус дека германската армија е подготвена да убива руски војници е тешко разбирлива, изјави за рускиот портал РБЦ Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
„Тешко е да се поверува дека германскиот министер за одбрана би рекол такво нешто. Но, за жал, тоа е вистина“, рече Песков.
Портпаролот на Кремљ додаде дека Германија во последно време станува сè поопасна, објави РИА Новости.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Писториус изјави дека германската армија е подготвена да убива руски војници во случај на војна.
Во исто време, тој изјави дека не се обидува никого да заплаши.
„Тој инсистираше дека Германија, која со години одржуваше култура на воена воздржаност како одговор на ужасите од Втората светска војна, ќе биде подготвена да убива руски војници доколку Москва нападне земја-членка на НАТО“, објави весникот.
Во интервју со американскиот новинар Такер Карлсон, рускиот претседател Владимир Путин детално објасни дека нема смисла да се напаѓаат земјите од НАТО.
Тој истакна дека политичарите на Запад постојано го тероризираат своето население со фиктивна руска закана со цел да го одвлечат вниманието од домашните проблеми.


