Работници во Германија/Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Германската автомобилска индустрија губи повеќе од 48.700 работни места за една година

Германската автомобилска индустрија изгуби повеќе од 48.700 работни места за една година, покажуваат најновите податоци од германскиот завод за статистика Дестатис денес. Губењето на работните места претставува пад од околу 6,3 проценти од вкупната работна сила во секторот, соопшти институтот, додавајќи дека бројот на вработени на крајот од третиот квартал од 2025 година изнесувал 721.400, што е најниско ниво од вториот квартал од 2011 година, објави Дојче Веле – пренесе Политика.

Според Дестатис, автомобилската индустрија е сè уште втор најголем индустриски работодавач во Германија, по машинската индустрија, која вработува 934.200 работници, пренесува Танјуг. Вкупниот број на индустриски работни места во земјата се намалил за 2,2 проценти во споредба со претходната година, но загубата во автомобилскиот сектор значително го надминува просечниот тренд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот