Германија мора да оди на победа против Костарика, но и ќе „навива“ за Шпанија

Момент од натпреварот Шпанија - Германија/фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Денеска сите дилеми околу тоа кои ќе патуваат во нокаут-фазата на Светското првенство во Катар ќе бидат решени и во групата „Е“ во која сите четири репрезентации имаат шанси за првите две места.

Натпреварот Шпанија Јапонија ќе започне од 20.00 часот на стадионот „Калифа“, а во истиот термин, но на стадионот „Ал Бајт“ ќе играат Германија и Костарика.

Во најдобра ситуација се Шпанците кои имаат четири бодови, па доволно ќе им биде и реми против Јапонија за пласман во осминафиналето. Црвената „фурија“ може да си дозволи и пораз, доколку Костарика не направи шок и не ја победи Германија.

Првата жена која ќе суди на СП ќе дели правда на важен натпревар за осминафинале

Од друга страна, во подредена позиција е Германија, која има само еден бод од две кола, па триумф против Костарика ја води понатаму, но само во случај доколку Јапонија не ја победи Шпанија.

Доколку Германија победи, а Јапонија ремизира, селекцијата со подобра гол разлика или повеќе постигнати голови ќе оди во следната фаза, па не е исклучено да видиме повторување на ситуацијата од групата Ц.

Јапонија со триумф сигурно оди во осминафиналето, но и Костарика има свои опции само доколку ја победи Германија, или доколку ремизира, а Шпанија ја победи Јапонија.

СП 2022
Група „Е“

Трето коло, двојки

20.00 часот Јапонија – Шпанија
20.00 часот Костарика – Германија

Табела:

1. Шпанија (8:1) 4 бодови
2. Јапонија (2:2) 3
3. Костарика (1:7) 3
4. Германија (2:3) 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот