ВИДЕО | Меси уште ќе сонува, Полска и покрај поразот продолжува во нокаут-фазата

Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Репрезентациите на Полска и Аргентина поминуваат во следната фаза од групата Ц на Мундијалот во Катар.

Ситуацијата со Аргентина беше јасна, на Аргентинците им беше потребна победа и ја остварија со 2:0. До победата Аргентинците стигнаа со двата гола во второто полувреме. Доминираа „Гаучосите“ од самиот почеток, меѓутоа Војчех Шчесни беше фантастичен на голот на Полска. На пет минути пред крајот на полувреме голманот на Јувентус одбрани и пенал кој беше негов втор на овој Мундијал.

Одбраната на Полска попушти после само една минута игра во вториот дел кога Мек Алистер ја смести топката во мрежата. Конечниот резултат го постави Алварез во 67. минута.

Полска иако изгуби помина како второпласирана, поради подобрата гол-разлика од Мексиканците. Се до последните моменти од натпреварите оваа селекција имаше изедначена гол разлика со Полјаците, но повторно беа зад нив поради помалку жолти картони. Со голот на Саудијците во финишот само се потврди пласманот на Полска во следната фаза.

Мексико ја победи Саудиска Арабија со 2:1, но за нокаут фазата им недостасуваше само еден гол. Како и на првиот натпревар и на оваа средба двата гола беа постигнати во вториот дел, стрелаа Хенри Мартин и Луис Чавез. За Саудиска Арабија во завршницата погоди Ал-Давсари.

Во осминафиналето Аргентина како првопласирана ќе се соочи со Австралија која претходно денес го обезбеди пласманот, додека Полска ќе оди на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот