ВИДЕО | Данска потфрли, Австралија оди со Франција во осминафинале!

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Во терминот од 16:00 часот на Светското првенство видовме разврска на ситуацијата во групата „Д“ од каде што во осминафиналето продолжуваат Франција и Австралија.

Франција после првите две стартни победи го имаше обезбедено пласманот во нокаут фазата, па селекторот Дешам се одлучи да излезе со комбиниран состав против Тунис.

Тунижаните знаеа тоа да го искорстат и славеа победа со 1:0. Французите го имаа поседот на топката, но Тунис ги создаваше посериозните прилики за гол. Постигнаа гол и во првото полувреме, но беше поништен поради офсајд. Одлучувакиот момент се случи во 58. минута кога Казири постигна гол и се повреди.

Победата на Тунис не му значи многу затоа што Австралија ја изненади Данска со истиот резултат (1:0). Данска како полуфиналист од последното Европско првенство допатува во Катар и елиминацијата во групата за нив секако е разочарување.

Херој на Австралија во денешниот натпревар беше Метју Леки кој постигна гол во 62. Минута. За Австралија ова втор историски пласман во нокаут фазата во шестиот настап на светските првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот