Кандидатот за германски канцелар и лидер на ЦДУ, Фридрих Мерц / Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Германија: Канцеларот и министрите трошат илјадници евра за фризура, шминка и фотографи

Германската влада потрошила илјадници евра од јавната каса за изгледот на Фридрих Мерц, покажува официјалниот одговор на неговата канцеларија на пратеничко прашање поставено од Алтернатива за Германија (АфД).

Министерството за економија потрошило уште повеќе за Катерина Рајхе (ЦДУ), додека многу функционери „инвестираат“ во фотографи.

Како што објавија списанијата „Дер Шпигел“ и „Штерн“, канцеларот Мерц платил 12.501 евро за козметичарки, шминкери и фризери од преземањето на функцијата минатиот мај до август.

Но, федералната министерка за економија, Катерина Рајхе, троши повеќе од Мерц, па од 6 мај до 4 август потрошила 19.264 евра за лична нега. Од нив, 8.324 се однесуваат на патни трошоци за нејзината шминкерка, која ја придружувала Рајхе на нејзините патувања. Вкупно, сите министерства потрошиле 58.738 евра за шминкери и фризери во текот на првите четири месеци од мандатот на новата влада.

Највисоки трошоци за фотограф се евидентирани во Министерството за финансии, со повеќе од 33.700 евра. Министерот за надворешни работи троши 19.000 за фотограф, додека сите министерства заедно достигнаа 172.608 евра. Баварскиот премиер Маркус Зенер ги зголеми трошоците за фотографи на државно ниво за десет пати во споредба со неговиот претходник, Хорст Зехофер. Само за 2022 година, тој потрошил 180.000 евра.

Во минатото, „шампион“ во трошоците за лична нега беше поранешната министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која, на пример, во 2022 година наплати од јавната каса 136.500 евра за да има свој личен шминкер со себе на нејзините патувања.

„Кога се појавуваш на телевизија, мора да носиш шминка поради силните рефлектори. Инаку, изгледаш како гробар, бидејќи си целосно сив“, изјави тогаш поранешната министерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот