Фото: Македонска Таеквондо Федерација

Георгиевски и Рељиќ со бронзени медали на Австрија опен Г1

Македонското олимписко таеквондо бележи нови добри резултати на меѓународната сцена, Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ освоија медали на Австрија опен Г1 во Инсбрук.

Во сениорска конкуренција, Георгиевски во категоријата +87 кг дојде до бронзата по учинокот од две победи и еден пораз.

Во осминафиналето со 2:0 го совлада Иван Трајковиќ од Словенија, а триумфираше против уште еден Словенец во четвртфиналната фаза со истиот резултат против Патрик Дивковиќ.

Нашиот натпреварувач беше совладан во полуфиналната борба против Аболфазл Абасипоуја од Иран со 2:0.

Кај сениорките, Рељиќ беше бронзена во категоријата -62 кг, во првото коло со 2:0 во рунди ја победи Фатима Менди од Сенегал, во второто ја елиминираше Марија Леонова од Украина (2:0), а во четвртфиналето славеше и против Хрватката Хелена Кичема со 2:1.

Рељиќ во полуфиналниот меч претрпе пораз против Јулија Шпак (Полска) со 2:0 во рунди.

Фото: Македонска Теквондо Федерација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот