Георгиевски е најдобро десно крило во Романија

гоце георгиевски
Десното крило на македонската ракометна репрезентација, Гоце Георгиевски/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски е избран во идеалниот тим на романското првенство.

Георгиевски со одличните игри во дресот на ЧСМ Букурешт сосема заслужено се најде во тимот на сезоната во изборот на „Про Спорт“, во кој гласаа тренерите на сите 14 екипи од првата лига.

Македонскиот репрезентативец
доби четири гласа, еден повеќе од крилото на Стеауа, МИхалчеа и од Талмаиер од Потаиса.

Покрај Георгиевски, место во идеалниот тим обезбедија уште и голманот Сејад Хиедарирад од Динамо Букурешт, левото крило Милан Котрч од Баја Маре, најдобар лев бек е Анте Кудуз од Динамо, среден бек Камел Алуини од Динамо.

Најдобар десен бек е член на Темишвар, Мариус Садовеак, а најдобар пикер е Немања Грбовиќ од Стеауа. За МВП играч на сезоната е е прогласен Хрватот Анте Кудуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот