Генералниот директор на СЗО го откри единствениот излез од пандемијата

Тедрос Аданом Гебрејесус
Тедрос Аданом Гебрејесус / Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус оцени дека пандемијата на коронавирусот е моментално во многу опасна фаза, и покрај успехот на светската заедница во борбата против неа.

-Иако имаме напредок во контролата на пандемијата, таа и понатаму е во многу опасна фаза, рече шефот на СЗО на состанокот на Советот на АЦТ акцелераторот, глобалната иницијатива за соработка против ковид-19, пишува ТАСС.

Гебрејесус смета дека од моменталната ситуација единствен излез е поддршка на земјите со праведна распоредба на опрема, тестови, лекови и вакцини, бидејќи државите со доволно инструменти за борба против коронавирусот веќе почнаа да ги олеснуваат ограничувањата поврзани со пандемијата, додека оние кои немаат доволен пристап на овие ресурси се соочуваат со нови бранови на хоспитализација и смрт, пренесува Телеграф.рс.

-Нови заболувања и смртни случаи можат да се избегнат ако се користат сите алатки кои ни се на располагање за спречување на преносот, нагласи директорот на СЗО.

Тој рече и дека потпирањето на неколку компании за снабдување со глобални јавни добра се покажа како ограничено и ризично и дека е потребно да ги научиме лекциите од пандемијата на ковид-19, за светот да биде подготвен за следните пандемии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот