Генерација за нова историја: Македонските таеквондисти со три медали од Г1 Светски куп

Три бронзени медали од таеквондо турнирот „Софија Опен Г1“/фото: facebook/Дарко Костовски

Македонското таеквондо бележи нови големи успеси на меѓународната сцена, освоени се три медали од Г1 Светски куп.

Генерација за нова историја, Филип Блажевски, Андреј Василевски и Теодор Стојановски од Таеквондо Клуб „Бутел“, предводени од тренерот Викторија Спасовска, освоија бронзени медали на еден од најсилните меѓународни таеквондо турнири во Европа.

На „Софија Опен Г1“ со 1300 натпреварувачи од цел свет, Филип Блажевски (јуниори) оствари три победи против таеквондисти од Грција, Данска и Украина.

Потоа, Андреј Василевски (јуниори) запиша три победи над натпреварувачи од Грција, Хрватска и Британија.

И Теодор Стојановски исто така во јуниорска конкуренција запиша две победи против претставници од Грција и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот