Гејтс тврди дека со помош на вештачката интелигенција луѓето ќе може да работат само три дена во неделата

Бил Гејтс / Фото EPA-EFE/SHANNON STAPLETON / POOL

Технологијата можеби нема да ги замени луѓето, но може да овозможи тридневни работни недели, тврди милијардерот и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс. Тој на гостување на поткастот „Што сега“ на водителот Тревор Ноа на прашањето за заканата за работните места што може да дојде од вештачката интелигенција, рече дека еден ден може да дојде време кога луѓето „не мора да работат толку многу“.

„Ако завршите во компанија каде што треба да работите само три дена во неделата, тоа е веројатно во ред“, рече Гејтс.

Во иднина, додаде тој, може да има свет каде што „машините ќе можат да ја направат сета работа“, а луѓето да не мора да работат пет дена во неделата, а некои дури и повеќе за да заработат за живот.

Иако вештачката интелигенција може да донесе некои позитивни промени, Гејтс претходно ги призна ризиците од вештачката интелигенција доколку се злоупотреби. Во јули објави блог пост за потенцијалното влијание на вештачката интелигенција.

„Мислам дека влијанието на вештачката интелигенција нема да биде толку драматично како индустриската револуција, но сигурно ќе биде големо како воведувањето на персоналниот компјутер. Апликациите за обработка на текст не ја укинаа канцелариската работа, но ја променија засекогаш“, напиша Гејтс. Работодавците и вработените мораа да се прилагодат и тоа го направија, додаде тој.

И Гејтс не е единствениот бизнисмен кој предвидува пократка работна недела. Извршниот директор на ЏП Морган, Џејми Дајмон, рече дека следната генерација работници ќе имаат само 3,5 дена работна недела поради вештачката интелигенција.

„Вашите деца ќе живеат до 100 години и нема да имаат рак поради технологијата и веројатно ќе работат три и пол дена во неделата“, изјави Димон за Блумберг во октомври.

Компаниите во САД и во странство ја тестираа ефективноста на четиридневната работна недела, при што некои пријавија позитивни извештаи за подобрена рамнотежа помеѓу работата и животот и ефикасноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот