Гебрејесус: Се наоѓаме во опасна ситуација, омикрон нè опоменува

Тедрос Аданом Гебрејесус
Тедрос Аданом Гебрејесус / Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

„Појавата на варијантата на коронавирус – омикрон, укажува дека светот и по две години од почетокот на пандемијата на Ковид-19 е во опасна ситуација“, изјавил денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Тој истовремено додал и дека е разочаран што многу од земјите вовеле целосна забрана за патување на југот од Африка поради омикрон варијантата на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Тедрос изјавил и дека се надева дека светот ќе го поддржи принципот на транспарентност кој ќе ни помогне во ставање крај на пандемијата.

Инаку, во светот до денеска се забележани 268.260.745 случаи на коронавирусот, наведено е на страницата „Worldometеrs“.

Како последица на коронавирусот во период од две години починале 5.298.604 лица, додека пак 241.470.855 лица закрепнале од болеста.

Моментално во светот има 21.491.286 активни случаи на Ковид-19 од кои 21.402.796 имаат благи симптоми на болеста, додека пак 88.490 се во сериозна или пак критична состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот