Газиантеп на Лука Станковски се повлече од турското фудбалско првенство

фото: gaziantepfk.org

Со одлука на Управниот одбор, турскиот фудбалски клуб Газиантеп одлучи да се повлече од Суперлигата и Купот на Турција во сезоната 2022-2023.

По катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција, тешко е во овие моменти да се зборува за фудбал.

Газиантеп најпрво посакува Божја милост за оние кои загинаа во земјотресот, како и брзо закрепнување на ранетите.

– Се чини дека не е возможно нашиот клуб да продолжи со своите спортски активности под сите овие тешки услови. Со одлука на нашиот Управен одбор, нашиот фудбалски клуб Газиантеп одлучи да се повлече од натпреварувањата во Суперлигата и Купот на Турција во сезоната 2022-2023. Веруваме дека нашиот град и земја што поскоро ќе ги залечат раните од оваа катастрофа од земјотресот и сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката – пренесуваат од ФК Газиантеп.

До моментот на одлуката за повлекување од лигата, Газиантеп, новиот клуб од оваа зима на македонскиот фудбалер Лука Станковски, се наоѓаше на 10 место со 25 бодови.

ВИДЕО | Во Газиантеп се урна тврдина стара над 2 илјади години како последица на земјотресот

Турското првенство под знак прашалник: Се откажа и второлигашот Малатијаспор

Хатајспор се повлече од турската фудбалска Супер лига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот