Гавровска – Лукиќ: Мислам дека после кризава ќе се даде голем акцент за признавањето на образованито на медицинските сестри

Тешки денови за сите нас. Се почитуваат мерките што ги даде Министерството, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Велка Гавровска – Лукиќ, претседателка на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

Како што вели Лукиќ, интересно е што СЗО оваа година ја прогласи година на медицинските сестри.

-Ковид-19 ја изби на површина потребата и важноста токму од овој персонал. Заболувањето на здравствените работници е на глобално ниво. Сестрите се максимално солидаризирани, се здружија од целата земја, ги споделуваат и разменуваат искуства и што е најважно – заеднички ја создаваат колективната сила. Се изготвува листа на сестри од другите клиники, кои им помагаат на медицинските сестри на Инфективната клиника. Прво ја поминуваат обуката со сестри ментори, нивните претходни знаења и вештини ги надополнуваат и проверуваат искусни сестри ментори, специјализирани за интензивно негување на овие пациенти, вели Гавровска – Лукиќ.

По надминувањето на кризата со Ковид-19 ќе се даде поголем акцент на признавањето на образованието на медицинските сестри.

-Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование на Република Северна Македонија доби јавно овластување од Министерството за здравство за водење на единствен регистар на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование.

Ако ноќе во болниците видете запалено светло, тоа е собата каде што работи медицинската сестра. Мислам дека после кризава ќе се даде голем акцент за проширувањето и признавањето на образованито на медицинските сестри. Ќе се обезбедат „безбедни“ работни места и ќе се стави акцент на млади сестри лидери во својата професија, вели Гавровска – Лукиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот