Гави е најдобар млад фудбалер на светот
Фудбалерот на Барселона, Гави е најдобриот млад фудбалер на светот според ранг листата што ја направи „ЦИЕС фудбалска опсерваторија“ за играчи родени во 2004 година и помлади.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Гави во август наполни 18 години, а не изненадува првото место на ранг листата бидејќи минатата сезона стана стандарден член на првиот тим на Барселона како и на шпанската репрезентација.
Гави со 17 години и 62 дена стана најмладиот репрезентативец во историјата на репрезентацијата на Шпанија, а воедно е и најмладиот стрелец во историјата на „фуријата“ со 17 години и 304 дена.
Според „Трансфермаркт“, Гави е проценет на 70 милиони евра и заедно со играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга се главни фаворити за наградата „Златно момче“ за најдобар млад фудбалер на годината.
На второто место на најдобри млади фудбалери е голманот Габриел Слонина кој потпиша за Челси.
Топ 10 најдобри млади фудбалери според „ЦИЕС“
1. Гави – Барселона
2. Габриел Слонина – Челси
3. Данил Кудјаков – Локомотив Москва
3. Виктор Уго – Фламенго
5. Савио Мореира – ПСВ
5. Анхело Габриел – Сантос
7. Мохамед-Али Чо – Реал Сосиедад
8. Емре Билгин – Бешикташ
9. Џовани Енрике – Палмеираш
10. Билал Ел Каноус – Генк



