Гатузо: Елмас и натаму позитивен на ковид-19!
Тренерот на Наполи е принуден да направи промени пред првиот натпревар во новата сезона од второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот континент, Лига Европа.
В четврток (22 октомври) клубот од „Сан Паоло“ во рамките од првото коло во групата „Ф“ ќе игра на домашен терен против холандската екипа на АЗ Алкмаар од 18.55 часот.
Џенаро Гатузо, стратегот на „наполитанците“ потврди дека на овој меч нема да може да смета на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Полјакот Пјотр Зиелински кои и натаму се позитивни на ковид-19 после 21 ден.
На почетокот од месец октомври беше објавено дека нашиот играч е позитивен на ковид-19, во меѓувреме направи уште еден тест чиј резултат излезе како негативен, но тренерот на Наполи вели дека Елмас (заедно со Зиелински) и натаму не е во состојба да тренира.
Rino Gattuso has confirmed that Piotr Zielinski and Eljif Elmas are still testing positive for Covid-19 after 21 days. (@NapoliAndNaples)
— SSC Nap⚽️li News (@SSCNapoliNews_) October 21, 2020
Македонскиот фудбалски „дијамант“ сè уште не тренира и го чека следниот настап за клубот, а се надеваме дека наскоро ќе се врати на терените и секако биде подготвен во вистинската форма за историскиот меч на нашата А репрезентација на 12 ноември во Тбилиси против Грузија за пласман на Европското првенство.
Гатузо најави дека во стартниот состав ќе има тројца или четворица фудбалери кои не играа против Аталанта.