Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Тикварник

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: тикварник.

– Традицијата доби нов вкус… Овој стар рецепт, пренесен од мојата баба, денес блеска во ново руво. Со додавање на изматена слатка павлака и мелени ореви, тикварникот добива божествена мекост и арома што буди спомени, но и создава нови – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

– 1 кг варена и пасирана тиква
– 3 јајца
– 150 грама шеќер
– 40 мл масло
– ½ лажичка прашок за печиво
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 1 лажица брашно
– ½ лажичка цимет
– ¼ кардамон
– ¼ лажичка мелено каранфилче
– 100 грама мелени ореви (за посипување)
– 150 мл слатка павлака (изматена, за декорација)

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додајте ги пасираната тиква и маслото, па продолжете со матење додека не добиете мазна смеса. Потоа, со лажица измешајте ги брашното, прашокот за печиво и зачините.
Сипете ја смесата во намастен калап и печете 20 минути во претходно загреана рерна на 220 степени Целзиусови.
Кога ќе се излади, украсете со изматена слатка павлака и посипете со мелени ореви.
Мириса на есен, љубов и спомени.
На здравје сладење!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот