Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Падобранци

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: падобранци.

– Постојат колачиња што не се само десерт, туку вистинска мала радост во секојдневието. Падобранците се токму такви – лесни како облак, крцкави однадвор, а меки и кремасти однатре. Аромата што ја шират додека се печат веднаш создава чувство на дом и топлина. Пробајте ги овие воздушести слатки задоволства – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:
За тестото:

– 250 грама мелени ореви
– 500 грама кафен шеќер
– 7 белки
– 1 лажица брашно

За филот:

– 150 грама чоколадо за готвење
– 7 жолчки
– 150 грама путер
– 50 грама шеќер во прав

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Мелените ореви и шеќерот добро измешајте ги, а потоа постепено додавајте ги шесте белки. Смесата гответе ја на умерен оган со постојано мешање, сè додека не добие боја на мед.

Оставете ја смесата да се излади, па додајте ја преостанатата белка и лажицата брашно. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Со помош на лажичка ставајте од смесата на плех обложен со хартија за печење. Во еден плех наредете најмногу 20 парчиња, бидејќи при печење значително нараснуваат.

Печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 15 минути.

Подготовка на филот:

Чоколадото растопете го на пареа, па додајте ги жолчките и мешајте додека смесата не се згусне. Оставете да се излади.

Во посебен сад изматете ги путерот и шеќерот во прав, па соединете ги со изладениот чоколаден крем и измешајте до добивање мазен фил.

Испечените и изладени колачиња филувајте ги и спојувајте ги по две.

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот