Фото: Приватна архива

Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Посна лимон торта со мак

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – посна лимон торта со мак.

– Сочна, мека торта со лимон и мак. Лимонот ѝ дава прекрасна свежина, а крцкавите зрнца мак прекрасна текстура – вели Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 240 мл растително млеко (јас користев бадемово)
– сок и кора од еден лимон
– 300 г брашно
– 1 лажица прашок за печиво
– 1 мало лажиче сода бикарбона
– 1/2 лажиче сол
– 150 г шеќер
– 125 мл масло или омекнат маргарин
– 1 лажиче екстракт од ванила
– 3-4 лажици мак

За прелив:

– конзерва кокосов крем
– малку мед
– екстракт од ванила

За декорација:

– карамелизирани бадеми
– лимон
– мак

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете го калапот во кој ќе печете со хартија за печење. Можете да ја печете и во тавче со димензии од околу 23 со 23 см. Во тој случај ќе треба да ја печете околу 20 минути.
Во растителното млеко ставете го сокот од лимон.
Во поголем сад просејте го брашното, печивото, солта и сода бикарбоната. Додајте го шеќерот и измешајте. Ставете го млекото со лимоновиот сок, кората од лимон, маслото, ванилата и макот. Мешајте само додека се спојат состојките.
Префрлете ја смесата во калапот и печете околу 15 минути. Засечете ја тортата по должина, да може да излегува воздухот и печете уште 35-45 минути. Оставете ја да се излади 15 минути пред да ја извадите од калапот.
Глазурата е сосема опционална. Може да ја оставите како што е.
Изматете го кремот од кокос со мед по желба и екстракт од ванила. Нанесете на изладена торта.
Ливчињата од бадем тостирајте ги за да поруменат и наросете со малку кафеав шеќер. Мешајте додека се растопи шеќерот.
Тортата декорирајте ја со бадеми, парчиња лимон и мак. Уживајте!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот