Гаши: Сите приказни кои водат кон потпалување етнички тензии се опасни и неприфатливи
„Сите приказни кои водат кон загрозување и потпалување на меѓуетнички тензии се опасни и се неприфатливи, а тие кои не внимаваат на меѓуетничките односи коишто се премногу важни, се неодговорни“, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши за време на гостувањето во „Вин-вин“ на „Телма“.
Препорачано
Гаши оцени дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за дневнополитички пресметки.
– Не сакам да зборувам за себе лично, мислам дека со примери, со дела треба да покажеме кој што прави. Но, во политика сум влегол во прилично тензична ситуација, каде што меѓуетничките односи не биле така сјајни, но упорно, не сум прифатил да бидам дел од тој наратив и тој политички дискурс и во својство на генерален секретар, и на опозициска партија, и на претседател на партија понатаму. Мислам дека овие односи се многу поважни, премногу важни и мислам дека тоа е единствениот или најбитниот столб на стабилност во државата. И затоа сите треба да бидеме внимателни, најмногу ние политичарите. Сите тие кои не внимаваат на ова и потпалуваат, мислам дека се неодговорни, непатриотски, недоволно ја сакаат својата држава, својот народ, своите граѓани – рече Гаши во гостување во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.
Тој повика на индивидуална одговорност, истакнувајќи дека секој е одговорен со функцијата што ја извршуваме и треба да внимава како се обраќа кон јавноста.
Во однос на уставните измени, Гаши рече дека нема промени во ставот но како претседател на Собрание, ги искажува државните позиции и оти тоа е однос кон ставот на мнозинството Македонци претставени преку пратенциите од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
– Нема ни транзиција во ставот, нема ни ни лицемерие. Искреност, истрајност, континуитет, нашите ставови како Вреди и мојот личен став е истиот. Ние мислиме дека треба да има уставни измени. Но, од позиција на претседател на Собрание… јас не зборувам во име на Африм Гаши кога зборувам како претседател на Собрание, ги искажувам државните позиции. И денеска тоа е позиција на мнозинството – рече Гаши.
Нашиот став, дополни, е јасен и непроменлив – и личниот и на Влен и на сите пратеници Албанци во Собранието, дали се во опозиција или во власт, мислам дека е јасно тоа, потенцираше тој.
– Кога зборуваме за оваа тема и кога се работи за политичка волја на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои во разговорите кои сме ги имале искажуваа дека се чувствуваат загрозени по идентитетот, јазикот и историјата, вие како сограѓанин, како Албанец во тој овој случај, не можете да одите против тие чувства на тие граѓани, впрочем кои се докажани на избори со голема доверба. И затоа, понекогаш почитта која ја искажувате преку према една политичка структура или пратеник, тоа е почитта која ја искажувате кон еден народ или една волја која е искажана на избори. И мислам дека е многу битно ова да се сфати. Ова е однос кон мнозинството Македонци кои тоа го мислат на таков начин, претставени преку 58 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и пет на ЗНАМ кои соочинуваат 63 пратеника – рече Гаши.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Фатмир Битиќи: Никогаш досега немало толкава беспарица во државната каса


