Гаши: По ова денеска, не се гледаме во иста влада со Беса

Африм ГАши

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во дебатниот магазин во гостувањето на ТВ21 посочи дека пратениците од неговата партија „ќе бидат конструктивни во овој период“, најавувајќи дека е можно да преминат во редовите на владејачкото мнозинство, доколку имаат „силна потврда“ дека земјава во скоро време ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„Ќе се консултираме со албанските политички фактори во регионот. Ни треба стабилност. Како претседател на опозициска партија би рекол дека добро е да има брзи избори, но како одговорен политичар сметам дека не треба да има избори. Не е одговорно и чесно кон граѓаните. На последните парламентарни избори граѓаните кажаа која Влада треба да ја води државата, на локалните избори граѓаните кажаа кој треба да ги води општините. Затоа велам, треба да сме одговорни и да бидеме конструктивни и кооперативни, треба да има стабилност во земјата“, порача Гаши.

Тој вели дека за тоа дали сакаат да бидат дел од актуелното мнозинство ќе треба да разговараат во партијата.

„Да направиме анализи. Да се консултураме со меѓународниот фактор и ќе донесеме одлука. Ако имаме силна потврда дека блиску сме до датум, тогаш немаме дилема каде треба да се ориентираме“, вели Гаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот