Гаши најави дека пратениците утре можеби ќе расправаат за разрешување на Коцевски
На следната пленарна седница на Собранието, закажана за утре, се очекува пратениците да расправаат за владиниот предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Препорачано
Информацијата ја сподели претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната средба со медиумите.
Тој појасни дека до овој миг сѐ уште не е испратено официјално известување до Коцевски дека на дневен ред ќе се најде точката за негово разрешување, но дека поканата треба да му биде доставена во текот на денот.
Коцевски: Не треба да има Анкетна комисија за Кочани, може да се компромитираат докази и сведоци
Според најавите, до крајот на декември се планирани уште четири пленарни седници. На 23 декември се очекува годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред пратениците, додека, пак, на 25 декември треба да се одржи седница посветена на пратенички прашања.
Гаши информираше и дека за целосно заокружување на Реформската агенда треба усвојување на уште два законски текста – Законот за јавни патишта и Законот за Судскиот совет.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


