Љупчо Коцевски /фото: Слободен Печат / Слободан Ѓуриќ

Коцевски: Не треба да има Анкетна комисија за Кочани, може да се компромитираат докази и сведоци

Во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија за Кочани, одредени докази и сведоци може да се компромитираат со оглед дека се води судска постапка, вели републичкиот јавен обвините Љупчо Коцевски.

Тој тврди дека обвинението било сеопфатно и не смета дека Анкетната комисија се формирала затоа што обвинителството не одговорило на правните дилеми и прашања на родителите на загинатите во кочанската дискотека каде животот го загубија 63 лица.

-Во однос на формирањето на анкетна комисија имав и официјално барање од претседателот (на Собранието Африм) Гаши и јас писмено се произнесов. За мене лично сметам дека во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија имајќи предвид дека одредени докази и сведоци може да се компромитираат со оглед дека се води судска постапка а она што беше барање од страна на претседателот на Собранието речиси сите ги опфаќаше речиси истите прашања за кои и јавното обвинителство води постапка. Од тие причини сметам дека две паралелни постапки не е целеисходно да се водат во овој момент. Сами знаете дека истрагата беше сеопфатна, се ангажираа многу обвинители и донесоа јавнообвинителска одлука против обвинети кои сега се и опфатени во самото обвинение. За полициските службеници следува нова јавнообвинителска одлука, а под однос на останатите лица од УЈП во тек е истрага во Јавното обвинителство надлежно за тоа – рече Коцевски.

Тој најави обвинение за полицајците на крајот на првата половина на декември. За најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека наскоро ќе почне постапката за негово разрешување, тој го даде истиот одговор.

-Ќе го дадам истиот коментар што го давам неколку месеци, тоа е нивна политичка одлука. Јас и понатаму ќе продолжам да работам професионално, законито и чесно, така да во тој дел немам што повеќе да кажам. Оди предлогот до влада, односно влада може да го достави до Собранието, тоа не е моја надлежност – рече Коцевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот