Ганиу: Јас со мојот автомобил шетам низ Чаир, интервенирам и барам помош од МВР каде што забележувам групирање на луѓе

-Секојдневно сум во комуникација со надлежните органи. Можеби првиот ден во Чаир имаше два-три локали кои не ги почитуваа мерките, но сега се почитуваат мерките на Владата. Уште од раните часови има мала посетеност на граѓаните што доаѓаат со побарувања до општината. Без потреба не излегуваат и ги почитуваат сите мерки, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалнкиот на Чаир, Висар Ганиу.

Тој тврди дека од самиот почеток се превземаат мерки за дезинфекција на општината.

-Ние уште од првиот ден обезбедивме заштитни материјали во општината. Го свикавме Советот за превенција и кризен штаб и заедно со Регионалниот штаб за менаџирање со кризи, Црвениот крст и градот Скопје почнавме со дезинфекција на општината. Но тука наидовме и на одредени потешкотии со обезбедување на материјал (Дезинтал) за дезинфекција, рече Ганиу.

Чаир добива помош од институциите, а чаирчани се доволно информирани за да се придржуваат до мерките.

-Ова е мое прво искуство како градоначалник и морам да кажам дека добивме огромна помош за општината од надлежните институции. Јас со мојот автомобил шетам низ Чаир и интервенирам и барам помош од МВР каде што забележувам групирање на луѓе. Но сега сметам дека веќе децата и родителите се доволно информирани и веќе нема проблем, изјави Ганиу.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот