ГАЛЕРИЈА: Реми на Македонија во последниот домашен натпревар за 2025 година
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го одигра пријателскиот натпревар против Летонија (0-0) кој беше и последен за оваа година на домашен терен
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Македонија имаше повеќе од играта и создаде неколку идеални прилики за гол, меѓутоа изостана реализацијата. Најголемите прилики за нашата селекција ги пропушти Емил Растодер кој во првото полувреме од идеална прилика шутираше со глава, но голманот Матервикс го одбрани неговиот удар. Во проодлжение од акцијата се обиде и Чурлинов, меѓутоа топката заврши во гол аут.
Во второто полувреме одново Растодер влезе во прилика и излезе „еден на еден“ со гостинскиот голман кој одново беше победник во дуелот. Казната за пропуштените прилики можеше да дојде на средина од вториот дел кога капитенот на Летонците Икаунекис шутираше со волеј, а неговиот удар заврши во пречката од голот на Димитриевски.
За Македонија овој дуел беше една подготовка за пресметката со Велс со кого играме за пет дена во Кардиф во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство.











