Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

ГАЛЕРИЈА | Расцепот кај Теферич ќе го проголта патот

Ужасни се сликите кои денес можат да се видат доколку се помине покрај патот кон Теферич, кој иако пред еден месец пропадна и беше затворен за сообраќај додека да се најде решение за ова проблематично место кое низ годините постојано се свлекува, изминативе денови имаше уште едно, многу поголемо и поопасно свлечиште.

ВИДЕО | Свлечиштето кај Теферич сè повеќе се проширува, патот е буквално преполовен

Ако тогаш едниот дел од патот беше одделен, асфалтот раскршен и пропаднат цел метар, денес ситуацијата е значително полоша – патот е одделен повеќе од неколку метри и свлекувањето продолжило надолу, но и странично, каде пропаднал и дел од рабникот и заштитната ограда.

Жителите своето незадоволство за бројните неуспешни, неквалитетни и донекаде избрзани реновирања на патот го искажаа преку напишана порака на пропаднатата сообраќајница упатена до градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска: „Бети пази да не паднеш!“

Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески

Ова следи откако по првичното свлекување на патот во февруари, Трајкоска објави фотографии од увидот на местото на кои можеше да се забележи како таа, заедно со нејзиниот колега од Сопиште Јане Мицевски, застанаа над пропаднатиот асфлат и „ѕиркаа“ надолу кон расцепите.

Во галеријата подолу можете да ја погледнете моменталната состојба во која се наоѓа колабираниот пат кон Теферич.

Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот