Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Свлечиштето кај Теферич сè повеќе се проширува, патот е буквално преполовен

Повеќе од еден месец откако патот кон Теферич повторно беше затворен поради свлекување на земјиштето, вчера на социјалните мрежи започнаа да се појавуваат нови, многу пострашни снимки од моменталната ситуација во која се наоѓа патот.

ЦУК уште во декември предупредил дека патот кон Теферич е опасен и има ризик за свлечиште

Земјиштето е целосно пропаднато, распукувањето на асфалтот е значително зголемено, а дупката веќе се користи како отпад бидејќи во неа може да се забележи автомобилска гума.

Се подготвува извештај за Теферич, брзината на санацијата ќе зависи само од Општината

Последно, „Слободен печат“ разговараше со деканот на Градежниот факултет Јосиф Јосифовски кој соопшти дека експерти подготвуваат проценка на штетата која ќе ѝ биде доставена на Општина Кисела Вода, додека пак од Општината не одговорија дали веќе размислуваат на трајно затворање на патот, ниту пак која била фирмата изведувач која последна го реновираше овој пат, што пропадна пола година по неговото пуштање во употреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот