ГАК со апел до пациентките да се јават само во нужни ситуации

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје упатува апел до пациентките кои имаат закажано преглед преку „Мој термин” да се јават само во исклучително нужна и итна ситуација со цел намалување на приливот на пациенти, редуцирање на метежот во амбулантите и превенирање од ширење на коронавирусот.

Апелот особено важи за категоријата на пациентки од над 65-годишна возраст кај кои е највисок ризикот од евентуална зараза од коронавирусот.

– Заради утврдување на итноста од преглед на пациентките, ЈЗУ У ГАК ќе испрати циркуларно писмо до матичните гинеколози кои ќе треба да прават строга селекција на итност согласно состојбите на пациентките. Службата за известување при ЈЗУ У ГАК телефонски ќе ги информира пациентките за откажување на прегледи кои не подразбираат итно доаѓање на Клиниката за преглед, се вели во соопштението од Управата на ЈЗУ У ГАК.

Апелот до пациентките целосно да ги почитуваат мерките за превенција од коронавирус упатени од Министерството за здравство е согласно донесените мерки од Владата на Република Северна Македонија во функција за превенција од ширење на оваа болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот