Футсалците ќе одиграат два натпревари против Црна Гора

Футсал репрезентација на Македонија утре и задутре ќе тестира против Црна Гора/ фото: ФФМ

Македонската футсал репрезентација утре (19:00 часот) и на 16. декември (17:30 часот) во С.Ц. Борис Трајковски ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора. Селекторот на нашата футсал репрезентација, Васко Скендеровски за двете пријателски пресметки против црногорците ќе смета на следните играчи:

Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цико), Влатко Петровски *СК Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);

Одбрана: Реџеп Сулејман (Шкупи), Таулант Исмаили (ФК Ликени, Косово), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Берат Рамадани (Арбен Бајрами);

Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Алекандар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (СК Славија Прага, Чешка), Мартин Мехмединовиќ (СК Прокет Цико), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Тодоровски (СК Проект Цико), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (ФК Ликени, Косово), Адријан Мицевски (Штутгартер 2020, Германија);

Селекторот Васко Скендеровски натпреварите ќе ги искористи да им даде шанса да играчите од домашниот шампионат, но и во исто време дуелите со Црна Гора ќе претставуваат можност за подигнување на самодовербата пред претстојните квалификации за СП.
– Очекуваме интересен натпревар против Црна Гора. Повикавме претежно играчи од домашниот шампионат и ова се натпревари на кои шанса ќе добијат сите повикани за да го согледаме реалниот потенцијал со кој располагаме. Резултатот е важен пред сѐ заради подигнување на самодовербата пред претстојните квалификации за Светското првенство.  Добрите резултати од минатиот квалификациски циклус ни овозможија да бидеме еден барабан погоре во ждребот и ги избегнуваме предквалификациите. Имаме доволно време за подготовка, а за следните натпревари се надевам дека ќе бидеме комплетни со Даниел Де Соуса, Џокица Арсовски и Седат Зибери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот