Фудбалски агент им порачува на своите играчи: Не се согласувајте на намалување на платите

Фото: Премиер лига/Твитер

Агентот на Месут Озил, Еркут Согут ги советува фудбалерите во Премиер лигата да не се согласат на намалување на платите во време кога не се игра фудбал поради пандемијата на коронавирусотж.

Согут е најзаслужен што Месут Озил има неделна плата од 350.000 фунти во Арсенал и тој верува дека најдобро решение во преговорите помеѓу фудбалерите, екипите и лигите е да бидат вклучени и агентите.

твитер

Неговата реакција е производ на паузата во Премиер лигата и одбивањето на фудбалерите кои одбиваат да им бидат намалени платите за 30 проценти.

Едно од решенијата кои ги нуди Согут е е одложување на платите за најдолго девет месеци, а притоа ги обвини сопствениците на екипите дека клубовите ги водат како да играат видео игра.

Не би им препорачал на фудбалерите да се согласат на намалување на платите бидејќи не знам дали утре ќе се игра фудбал, доколку екипите добијат пари од спонзори. Премиер лигата и нивните екипи не се во толку лоша финансиска состојба како што сакаат да прикажат. Многу екипи се доста профитабилни и имаат доволно резерви за да ја издржат кризата. Меѓутоа, на некои од тие сопственици не им е грижа дали ќе изгубат 50 или 200 милиони фунти, за нив работата е во престижот. Екипите за нив се како играчки, нешто како играше на Плејстејшн, сакаат да победат и не им е важно како ќе дојдат до таа победа – изјави Согут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот