Хартс/HeartofMidlothianFC

Фудбалска бајка во Шкотска: На повидок е сензација каква што немало четири децении

Колo по коло, крајот на сезоната е сè поблиску, а сензационалниот тим на Хартс не попушта и дојде на чекор е да стави крај на неверојатната доминација што трае повеќе од четири децении.

Веќе 41 година шампионската титула во шкотскиот фудбал е резервирана само за Селтик и Ренџерс, кои се менуваат на врвот на табелата, но оваа сезона е на прагот да донесе историски пресврт.

Хартс во текот на целата сезона е лидер во Шкотска Премиер лига, и покрај тоа што многумина очекуваа пад, такво нешто досега не се случи.

До крајот остануваат уште четири кола, а Хартс има предност од три бода пред Селтик и четири во однос на Ренџерс. Дополнително, разликата со Ренџерс се зголеми откако тие доживеаја неочекуван пораз на домашен терен од Мадервел.

За викендот, Хартс ја забележа можеби и клучната победа во сезоната, правејќи пресврт во големото дерби против Хибернијан со 2-1. Херој на триумфот беше Блер Спитал, кој погоди во 86. минута и му донесе на својот тим дополнителна предност на врвот.

До крајот, Хартс го очекуваат уште два дерби дуели, најпрво на домашен терен против Ренџерс, а потоа и гостување кај Селтик во последното коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот