Фудбалерите во Бундеслигата избраа: Левандовски најдобар играч

Напаѓачот на Баерн Минхен е прогласен за најдобар фудбалер во Бундеслигата во изборот на неговите колеги.

Роберт Левандовски повторно со Баерн Минхен ја освои шампионската титула во Бундеслигата, но сезоната за него и неговиот тим се уште не е завршена бидејќи ги очекува завршницата во Лигата на шампионите.

Одличниот полски напаѓач во Бундесигата постигна 34 гола и петти пат во кариерата го доби признанието за најдобар стрелец, а денеска доби уште едно признание. Имено, Левандовски доби 42 проценти од гласовите во анкетата во која учествуваа 270 фудбалери кои играат во германските екипи и го избраа за најдобар играч во сзоната.

Второто место му припадна на играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо кој доби 14 проценти од гласовите, додека трет е Џошуа Кимих од Баерн Минхен со 12 проценти.

Наградите за најдобар голман и тренер исто така ги освоија членови на Баерн Минхен. Мануел Ноер со 35 проценти од гласовите е избран за најдобар голман, додека Ханси Флик доби дури 61 процент од гласовите во изборот за тренер на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот