Фудбалерите остануваат на 62. место на ФИФА ранг листата

epa09109308 Goran Pandev of North Macedonia (2-R) and his teammates celebrate during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN / POOL

Фудбалската репрезентација на Македонија остана 62. место на најновата ранг-листа на ФИФА.
Последната репрезентативна акција на фудбалерите беше во март кога беше совладан четирикратниот светски шампион Германија, додека во април и овој месец не се играше репрезентативен фудбал, по што е логично и да нема промени на ФИФА ранг-листата.

Првиот противник на Македонија на ЕП, Австрија се наоѓа на 23 место, додека Украина е на една позиција подоле. Најдоброрангирана е Холандија која е на 16 место на ФИФА ранг-листата.

На листата на десет најдобри репрезентации исто така нема промени, на првото место е Белгија по што следуваат Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот