Фудбалер на Борусија под истрага за семејно насилство, може да заврши зад решетки

Нико Шулц/фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шулц се наоѓа под истрага на германската плиција за семејно насилство, по тужбата што ја поднесе неговата поранешна девојка, соопшти денеска германскиот клуб.

Од клубот додаваат дека веднаш откако дознале за истрагата, разговарале со фудбалерот кој ги негира обвинувањата.
– Обвинувањата, за кои Борусија Дортмунд не знаеше до објавувањето на написот во медиумите, се тешки и шокантни за нашиот клуб – стои во соопштението на Борусија Дортмунд.

Сепак, управата на „милионерите“ одлучи да не поведува дисциплинска акција против Шулц бидејќи истрагата е во почетна фаза, а доказите кои се презентирани се многу конфузни. Доколку биде покренато обвинение за семејно насилство, Шулц се соочува се соочува со затворска казна до 10 години.

Шулц го носи дресот на Борусија Дортмунд од 2019 година, а за репрезентацијата на Германија има одиграно 12 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот