Фудбалер на Баерн Минхен се соочува со затворска казна, ја претепал сопругата
Поранешниот германски репрезентативец и фудбалер на Баерн Минхен, Џером Боатенг наместо да се фокусира на фудбалот, во наредниот период ќе си има проблеми со законот. Обвинителката од судот во Минхен, Ани Леидинг поднесе обвинение против Боатенг за напад на сопругата Шерин Сенлер со која е заедно веќе 10 години.
Препорачано
Леидинг потврди дека истрагата започнала уште во 2018 година, но обвинението е поднесено дури во февруари годинава.
„Обвинителката од Минхен работи на случајот против Џером Бостаенг од есента 2018 година. Боатенг е обвинет за нанесување на тешки телесни повреди и по долга и исцрпна истрага, случајот на 11 февруари годинава се најде во судот во Минхен“, изобјавија од обвинителството во Минхен.
Дефанзивецот на Баерн може да си има и дополнителни проблеми бидејќи обвинителката започна истрага за нов инцидент на Боатенг кој се случил пред две недели.
-Полицијата моментно истражува уште еден случај поради сомневање за нанесување на повреди на истата жртва. не можеме да разбереме зошто судот чека толку долго со одлуката – изјави обвинителката Леидинг.
Џером Боатенг и неговата партнерка Шерин сенер заедно се 10 години и имаа две деца.


