Фудбал или пикадо: Интересен тренинг на Баерн Минхен (ВИДЕО)

фото: твитер

Играчите на баварскиот гигант уживаа во интересен предизвик, па така ги заменија малите стрели со топки кои се лепат на тркалезната цел.

И покрај пандемијата на коронавирусот, Баерн Минхен е еден од ретките фудбалски клубови во Европа кој започна со тренинзи.

Вкупно две недели тренерот на баварскиот гигант Ханс Флик имаше онлајн тренинзи со играчите, а откако клубот доби дозвола од надлежните институции, Баерн ги повика фудбалерите на тренинзи во клупскиот камп.

Во Германија се заразени повеќе од 130.000 илјади луѓе, но клубот ги почитува сите мерки. Вчера германската Влада донесе одлука за забрана на големи спортски настани до 31 август, но останува прашањето дали е можно да продолжи сезоната во Бундес лигата пред празни стадиони..

Секако, тренинзите се одржуваат во помали групи од пет играчи со цел да се избегне ризикот околу заразата, а се почитуваат сит правила на социјално дистанцирање и воедно ги имаат на располагање потребните хигиенски средства.

Со цел играчите малку и да се забавуваат, Флик им даде интересен предизвик, така што во едно успеа да ги поврзе фудбалот и пикадото.

Мали стрелите во овој случај беа заменети кои со топки кои се лепат на тркалезната цел, па така играчите се натпреваруваа меѓу себе кој ќе собере најмногу бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот