Без навивачи на бундеслигашките мечеви до септември!?

фото: твитер

Според „Дојче Веле“ останува можноста веќе во мај да продолжат натпреварите сезонава во најсилната фудбалска лига на Германија.

Како дел од нивните последни мерки во борбата против коронавирусот, германската Влада објави забрана за големи спортски настани до 31 август.

Како што информира „Дојче Веле“, останува можноста веќе во мај да продолжат натпреварите сезонава во најсилната фудбалска лига на Германија, но пред празни трибини.

 

За германската канцеларка Ангела Меркел моментно спортот не е приоритет, и Бундес лигата сега не е најголем проблем во државата.

Таа рече дека голема е опасноста доколку се дозволат јавни собири, со ширење на коронавирусот Германија би имала нови проблеми.

Се поставува прашањето дали оваа сезона Бундес лигата предвреме ќе заврши или ќе се играат и останатите мечеви од шампионатот пред празни трибини.

Не им сеедно ниту на клубовите, ниту тие не сакаат да биде откажана сезоната, сите се борат за нејзино продолжување поради огромните пари од ТВ правата.

Челниците на клубовите на 23 април ќе одржат состанок за да донесат одлука за евентуално продолжување на сезоната. Според „Билд“, тоа би се случило во средината на мај, откако дел од екипите во Германија веќе започнаа со тренинзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот