„Франс фудбал“ ја доделува Златната топка секоја година, но само еден фудбалер е добитник на Супер златна топка

twitter/Madridista-Swedeninho

Еминентниот француски магазин „Франс фудбал“ од 1956 година редовно ја доделува Златната топка за најдобриот фудбалер во Европа. Првата награда ја прими Англичанецот, сер Стенли Метјуз, а рекордер по бројот на награди е Лионел Меси кој има шест златни топки.

До 1995 година можеа да ја добијат само европски фудбалери, а првиот играч кој не е од Европа, а ја доби наградата е Либериецот Жорж Веа.

Интересно е што „Франс фудбал“ само еднаш досега има доделено и Супер златна топка, неофицијално, тоа е награда за најдобриот помеѓу сите добитници на Златната топка.
На 26 декември 1989 година, специјалната награда ја доби легендата на Реал Мадрид, Алфредо ди Стефано.

Легендарниот фудбалер со Реал Мадрид пет пати триумфира во тогашниот Куп на Европски шампиони, осум пати беше шампион на Шпанија, а два пати ја освојуваше Златната топка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот