Французите ја одобруваат идејата за трето затворање, но не и ограничувањата што одат со него

epa08966596 Pedestrians wearing protective face masks near the Eiffel Tower in Paris, France, 26 January 2021. There are growing calls by France's top medical advisers to impose a third national lockdown to combat the spread of Covid-19 coronarivus as number of cases continue to rise - though the French government have not yet formalized a decision on the matter yet. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Според студијата на Одокса Бакбонн Консултинг за Ле Фигаро и Франс Инфо, Французите ја одобруваат идејата за трето затворање, но не и ограничувањата што одат со него, односно тие  одбиваат затворање на училиштата и продавниците. Тие изгледаат прилично наклонети за  „лесни” мерки, јави дописникот на МИА.

Наспроти одредени стравови изразени од извршната власт, голем дел од Французите (62 отсто) всушност се за – барем во принцип – земјата повторно да биде ставена под карантин. Па дури 70 отсто од нив да посакуваат што е можно побрзо да се реши ова, со цел да се запре што е можно подобро ширењето на епидемијата и нејзините британски и јужноафрикански варијанти.

Повеќето од мерките што вообичаено се поврзани со овие периоди на затворање или карантин, се ефективно отфрлени: само 14 отсто од испитаниците велат дека се подготвени повторно да ги прифатат ограничувањата, додека 69 отсто од нив се повеќе склони кон затворање „а ла карт “.

Во детали затворањето напродавниците со непрехранбени производи (64 отсто) и училиштата, колеџите и средните училишта (60 отсто) собираат најмногу негативни мислења. Од друга страна, повеќе од 60 отсто Французи ја поддржуваат забраната за меѓурегионални патувања, и покрај претстојниот школски одмор во февруари.

Во овој контекст, незначителен дел од Французите (42 отсто) веќе одлучија дека нема да ги почитуваат ограничувањата. Оваа бројка е највисока кога станува збор за лица од 18-24 години (66 отсто) и 25-34 години (58 отсто). Висината на парадоксот: една четвртина од Французите кои се залагаат за повторно затворање уверуваат дека нема да го почитуваат.

Оваа непослушност може да има форма на „некои отстапувања” или целосно одбивање на ограничувањата. Околу 2 отсто размислуваат, на пример, за милитантен чин што може да се движи од протести на социјалните мрежи до демонстрации. Активизам веќе присутен на Твитер, каде клучниот збор „#JeNeMeConfineraiPas” (немадасезатворам) е споменат повеќе од 100.000 пати во последните седум дена.

Овој полу смислен став на Французите може делумно да се објасни со критичкиот поглед што го имаат кон управувањето со кризата од страна на извршната власт. Никој од политичарите во првите редови според нив не е „на висина на задачата”.

Единствениот што се истакна е министерот за економија, финансии и закрепнување, Бруно Ле Мер, кој добива 46 отсто на  повилно мислење кај населението. Така тој е осум бода пред Емануел Макрон и неговиот министер за здравство Оливие Веран. Премиерот Жан Кастекс е најмалку ценет од јавното мислење, со само 34 отсто на задоволни  Французи од неговата рагота. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот