Француските лекари тврдат: Вкрстениот имунитет ќе го победи коронавирусот

Одбраната од коронавирусот можеби лежи во „вкрстениот имунитет“, откако до сега се зборуваше само за колективна имунизација, која, според проценките е се уште далеку од посакуваните 70 отсто и изнесува најчесто, во зависност од земјата, неколку проценти.

Меѓутоа, „вкрстениот имунитет“ претставува природна одбрана на основа на антитела настанати од лекување на заболување од истиот вид на болест, а некои француски лекари во тоа и го гледаат објаснувањето зошто епидемијата моментално слабее.

Конкретно, според оваа теорија, не е потребно да се заболи од Ковид-19 за да се добие антитела, туку тие се создадени уште претходно, кога била прележана било која болест предизвикана од коронавирусот, меѓу кои некои од нив минативе години предизвикувале само најобична кивавица.

Според истражувањата на познатиот Институт „Пастер“, во Франција моментално се заболени помалку од пет отсто луѓе од Ковид-19, што значи дека се уште се многу далеку од колективен имунитет. Меѓутоа некои експерти сметаат дека тој е веќе стекнат, на основа на фамозниот „вкрстен имунитет“.

– Голем дел од популацијата би можел да биде отпорен на коронавирусот, бидејќи можат да спречат неспецифични антитела, смета епидемиологот Лоран Тубијана.

Слично мисли и специјалистот за ургентна медицина во познатата болница во Париз „Питије Салпетријер“, професор Џонатан Френд, чија изјава ја пренесоа француските медиуми.

Тој потсетува дека лекарите се исклучително изложени на вирусот и дека би имало многу повеќе заразени, да било друго. Тоа тој го препишува на веќе стекнатиот имунитет.

Тие ставови одговараат со заклучоците на некои од американските истражувачи според кои дури 40 до 60 отсто од светската популација би можеле во овој момент да бидат имуни на ковид-19, а претходно воопшто да не биле изложени на вирусот.

Францускиот сајт „Футура сајенс“ појаснува дека сезонскиот грип мутира секоја година, но дека таквите мутации се непознати, па се претпоставува дека разликата меѓу фамилиите на коронавирусот исто така се мали, што би било доволно еден имунитет да важи за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот