Францускиот професор сепак бил во право: Неговиот третман за лекување на коронавирусот повторно донесе позитивни резултати

Фото: Профимедиа

Научно-истражувачкиот институт во Марсеј го објави резимето на новата студија во која се спомнуваат заслугите на хидроксихлорокин против коронавирусот, чија методологија веднаш предизвика нови критики од медицинската сфера.

За да ги разубеди тие што не веруваат, познатиот француски професор Дидије Раул спроведе уште едно истражување, овој пат поопширно, за комбинацијата на лековите хидроксихлорин и азитромицин и повторно дојде со спектакуларни резултати.

Пред институтот е истакнат банер на кој пишува „Благодариме на нашите херои, ве сакаме“ / 25 март 2020, Марсеј, Франција / EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Истражувањето опфати 1.061 пациент. После 10 дена, оздравиле 973 лица, односно повеќе од 91 отсто. Починале само 0,5 отсто. Лоши резултати се покажале кај 46 заболени, од кои 31 морале да бидат во болница уште десет дена, десетина биле префрлени на интензивна нега, а пет лица на старост од 74 до 95 години починале.

За да ги увери сите, шефот на Медитеранската клиника за инфектологија во Марсеј ги испочитува предлогот на власта и во студијата систематски ги вклучи сите пациенти кои дошле на тестирање. Извршени биле 59.655 тестови на 38.617 пациенти од 3 до 9 април.

Позитивни резултати биле добиени кај 3.165 лица, од кои 1.061 биле одбрани за истражувањето. Просечно биле стари 43,8 години, а 46,4 отсто биле мажи.

Раул истовремено покажал дека нема никакви секундарни штетни ефекти од овој третман. Оние кои се спротиставуваат на неговиот третман, ја истакнуваат опасноста по кардиоваскуларниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот