Француската држава ќе се казни со 10 милиони евра ако не го намали загадувањето на воздухот

Државниот совет (Врховен управен суд) на Франција денеска и нареди на Владата да преземе мерки за намалување на загадувањето на воздухот во неколку градови и региони, во спротивно државата ќе треба да плати рекордна казна од 10 милиони евра за секои шест месеци доцнење, јави дописникот на МИА.

Оваа казна е „највисоката” сума досега изречена „за присилување на државата да изврши одлука донесена од административен (управен) судија”, се наведува во соопштението на  Државниот совет, кој уште во 2017 година донесе одлука во која се истакнува дека државата не ги испочитува нејзините обврски во оваа област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот