Французинот Тото на крајот од сезоната ќе го напушти Вардар

Жереми Тото ќе игра само една година во дресот на скопските „црвено-црни“/ фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Денеска францускиот клуб Нант во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров објави дека нивно ново засилување ќе биде пикерот Жереми Тото од Вардар 1961.

Французинот (29) на крајот од оваа сезона ќе го напушти Скопје и од јули 2022 ќе го облече дресот на Нант со договор на три години.

Професионалното деби го имаше во 2011 за Кретеј, па настапуваше за Ст. Рафаел, а во 2020 година се пресели во полската Висла Плоцк.

– Многу сум среќен што се приклучувам на проектот нан Нант кој совршено се вклопува со моите вредности и мојот темперамент. Тоа е амбициозен клуб чиј развој го следам веќе неколку години, кој се прослави на меѓународната сцена. Се надевам дека ќе го донесам максимумот за да ги постигнам целите што ќе ги постави клубот. Нант има и најдобра публика во Франција – вели Тото.

Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ моментно на пикерската позиција покрај Тото, ги има уште Полјакот Патрик Валчак, Стојанче Стоилов и Стефан Атанасовски.

Нант во поранешниот вардарец Македа ја најде замената за Лазаров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот