Француско испраќање на канцеларката: Макрон и го врачи Големиот крст на Легијата на честа на Меркел

Францускиот претседател Емануел Макрон и го врачи Големиот крст на Легијата на честа на германската канцеларка Ангела Меркел/ Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон и го врачи Големиот крст на Легијата на честа на германската канцеларка Ангела Меркел како дел од нејзината проштална посета на градот Бун во Бургундија.

Макрон и неговата сопруга Бригита, заедно со Меркел и нејзиниот сопруг Јоаким Зауер, ја посетија средновековната болница во Буна, која е музеј и е опкружена со лозја.

Оваа церемонија се смета за гест на пријателство меѓу Франција и Германија.

Макрон е четвртиот претседател на Франција од 2005 година, кога Меркел стана германска канцеларка.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска беше пречекана од францускиот претседател Емануел Макрон во централна Франција, каде дојде да се збогува по 16 години на власт во кои тесно соработуваше со четворица француски претседатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот