Францускиот великан Зидан ќе биде новиот менаџер на Манчестер јунајтед!?

Зинедин Зидан по заминувањето од Реал Мадрид е без тренерски ангажман/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

После новиот пораз на Манчестер јунајтед во Премиер лигата, убедлив на гостувањето кај Ватфорд (4:1) повторно се шпекулира за заминување на Оле Гунар Солскјер од клупата на „црвените ѓаволи“, а сега најверојатно ќе добие отказ поради лошите резултати.

Солскјер кој има важечки договор со клубот од „Олд Трафорд“ до 30 јуни 2024 година, за евентуалниот отказ ќе добие голем надомест од 7,5 милиони фунти.

Синоќа по мечот со Ватфорд беше свикан итен состанок во кој наводно веќе се донело одлука за разделба со норвешкиот менаџер, а наскоро треба да пристигне и официјална потврда.

Според сегашните пазарни опции, најверојатен кандидат за клупата на Јунајтед е поранешниот тренер на Реал Мадрид и прославен фудбалски великан Зинедин Зидан.

Зидан беше творец на историскиот успех на Реал Мадрид со три последователни ЛШ и порано работеше во соблекувална полна со фудбалски ѕвезди.

Доаѓањето на Французинот секако би го поддржал Кристијано Роналдо, бидејќи двајцата добро соработуваа во Реал и знаеја само за успеси.

Колку за споредба, Солскјер триумфираше на шест натпревари во Лигата на шампионите во неговата тренерска кариера, а Зидан освои три титули во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот