Францускиот амбасадор по барање од Минск, ја напушти Белорусија

Лукашенко/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Амбасадорот на Франција во Белорусија, Никола де Бујан де Лакост, ја напуштил земјата на барање на Минск, изјави денеска портпаролката на амбасадата, пренесува ТАС. 

„Министерството за надворешни работи на Белорусија побара амбасадорот да замине пред 18-ти октомври“, рече таа.  

Портпаролката не наведе зошто белоруското Министерство за надворешни работи побара од францускиот амбасадор да ја напушти земјата. 

„Тој се збогува со вработените во амбасадата и испрати видео порака до белорускиот народ, која утре ќе се појави на веб -страницата на амбасадата“, додаде таа.  

Според белоруските медиуми, францускиот амбасадор никогаш не ги предал акредитивните писма на претседателот Александар Лукашенко. Франција, како и другите земји од Европската Унија, не ги призна резултатите од претседателските избори одржани во август минатата година, на кои Лукашенко го освои шестиот мандат, што предизвика масовни протести на опозицијата во Белорусија. 

ЕУ воведе санкции против Белорусија кога владата остро ги задуши антивладините демонстрации во 2020 година, и дополнително ги засили оваа година кога белоруските власти насилно пренасочија патнички авион што леташе над земјата за да уапси опозициски новинар. 

Истрели од белоруска страна на границата со Полска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот